Шкендија е во романска мисија и за ривал ќе го има Ботошани во квалификациите од Лигата на Европа. Мечот е закажан за утре, со почеток во 17.45 часот, а тренерот Ернест Ѓока вели дека неговиот тим е дојден да победи и да се пласира во следното коло од ова европско натпреварување.
„Цела седмица се подготвуваме за овој меч, го анализиравме Ботошани и се надеваме на успех. Ривалот е одличен тим, но јас верувам во квалитетите на моите фудбалери. Се игра еден натпревар, нема многу простор за калкулации, ќе мора да се покаже најдоброто. Верувам дека Шкендија е подготвена да одговори на предизвикот“, изјави Ернест Ѓока.
Капитенот Егзон Бејтулаи се надева дека Шкендија на крајот со песна ќе се врати од Романија.
„Играме се подобро на последните натпревари, знаеме дека не очекува еден тежок и неизвесен натпревар, но подготвени сме да ги исполниме задачите на тренерот Ернест Ѓока. Се надевам дека Шкендија ќе биде тимот што на крајот ќе слави“, изјави Бејтулаи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













