Сагата околу Марк Гехи започна летово, кога англискиот шампион Ливерпул беше на чекор до тоа да го ангажира англиски репрезентативец, но неговиот актуелен клуб, Кристал Палас, ја откажа зделката.
Подоцна стана јасно дека лондончани го направиле тоа затоа што не успеале да најдат соодветна замена, па така Гехи остана во тимот. Сепак, тоа не беше најдобрата одлука, бидејќи во Лондон веќе знаеја дека капитенот на екипата сака да го промени клубот, што значи дека според реалното сценарио, тој ќе го напушти тимот без никаква сума за отштета на крајот од сезоната 2025/26.
А кандидати не недостасуваат — Ливерпул сè уште не се откажал од него, а покрај Реал Мадрид, и Баерн Минхен се споменува меѓу заинтересираните клубови.
„Сакавме Марк да остане, но тој сака нешто друго“, изјави стратегот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, кој изгледа веќе го прифатил решението на Гехи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













