
Младиот играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра уште една силна сезона, но се чини дека тоа нема да му донесе трансфер во поголем клуб следното лето. Неговиот татко Ханс-Јоаким Вирц, кој е и негов агент, изјави дека во оваа фаза германскиот репрезентативец повеќе би сакал да остане со „аспирините“ и следната сезона.
„Во моментов, сѐ укажува на фактот дека Флоријан и следната сезона ќе биде во Леверкузен“, изјави Ханс-Јоаким Вирц, цитиран од „Скај Спортс“.
20-годишниот талент има шест гола и 10 асистенции на 19 натпревари за Баер Леверкузен од почетокот на сезоната. Тој го имаше своето деби во Бундес-лигата само неколку дена по неговиот 17-ти роденден.
За него се заинтересирани клубови како Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер Сити и Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
