
Долгогодишниот член на Вардар, Никола Глигоров, е именуван за в.д. шеф на стручниот штаб на најтрофејниот клуб откако „црвено-црните“ спогодбено ја раскинаа соработката со Горан Симов. Тој вели дека чест и привилегија е да се предводи најголемиот македонски фудбалски клуб кој сега има мисија да се врати во елитата откако претходната сезона спадна на ниски гранки.
„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам.
Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во Првата лига и ќе освојува трофеи”, изјави Никола Глигоров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski