Енис Барди и Трабзонпор не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите. Данскиот Копенхаген одигра 0-0 на гостувањето во Турција и ја задржа предноста од еден гол (1-0) од првиот меч, па ќе биде дел од елитата во ЛШ. Енис Барди беше стартер во тимот на Трабзонспор.
Глазгов Ренџерс славеше со 0-1 на гости против ПСВ Ајндховен и исто така обезбеди пласман во групите од Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол за Глазгов Ренџерс беше Антонио Чолак во 60.минута од дуелот. Првиот дуел заврши 2-2.
На „Максимир“ ќе се играат продолженија. Динамо Загреб регуларниот тек од мечот го доби со 2-1, откако Бодо во Норвешка славеше со 1-0.
Стефан Ристовски беше асистент на вториот гол за Динамо, кој на спектакуларен начин со ножички го постигна Бруно Петковиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













