Connect with us

Глазгов Ренџерс е најслабиот тим во историјата на ЛШ

Поразот на домашен терен од Ајакс (1-3) стави крај на неславната серија на Глазгов Ренџерс во Лигата на шампионите. Шкотскиот гигант сега е тим со најлоши резултати во целата историја на натпреварување во групната фаза. Тимот од „Ајброкс“ ги загуби сите шест натпревари, постигнувајќи само два гола, а прими 22.


Мачењето за Ренџерс започна со пораз 0-4 од Ајакс во Амстердам. Следеа порази со 0-3 против Наполи дома и 0-2 против Ливерпул на „Енфилд“. Реваншот со „црвените“ беше вистински кошмар, 1-7. Во претпоследното коло „сините“ од Глазгов загубија со 0-3 на гостувањето во Неапол, а синоќа не успеаја да му се спротивстават на Ајакс на свој терен.

Досега антирекордот во групната фаза го држеше Динамо Загреб. „Модрите“ во сезоната 2012/13 ги загубија сите натпревари во друштво на Реал Мадрид, Лион и на Ајакс, забележувајќи гол разлика од 3-22. Сега Глазгов Ренџерс и постигна еден гол помалку.

Во таа година имаше уште една екипа која не освои ниту еден бод во групите, Плзен. Чешкиот шампион падна во група со гигантите Баерн Минхен, Интер и Барселона, а на шесте натпревари постигна пет гола, примајќи дури 24.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови