
Германскиот „АРД“ пред почетокот на Европското првенство направи истражување во кое 21 отсто од 1304 испитаници се изјасниле дека во германската репрезентација треба да има повеќе белци. „АРД“ излезе во јавноста со резултатите од истражувањето, што беше проследено со жестоки критики.
Германците сметаат дека е срамота да поставуваат такви прашања.
Џошуа Кимих и Антонио Рудигер јавно ја критикуваа ваквата анкета, а тренерот Џулијан Нагелсман беше жесток.
„Бев непријатно изненаден што им се поставуваат вакви прашања на луѓето. Она што ме шокираше уште повеќе е нивниот одговор во анкетата. Расистички е, чувствувам дека мора да се разбудиме од сето тоа“, изјави Кимих.
„Кимих добро одговори. Мислам исто како него и навистина е лудо тоа да се поставува како прашање. Има луѓе во Европа кои моравме да ги примиме поради војните, економската ситуација и разни причини. Тие луѓе сакаат да биде прифатени овде“.
„Мораме да се запрашаме што правиме со вакви работи и анкети и која е целта, бизарно ми е што одиме на одмор на други дестинации за да запознаеме различни култури, а потоа се жалиме на нив. Ние играме на ЕВРО 2024 за сите во оваа земја и секој што игра на врвно ниво е добредојден како претставник на Германија, бидејќи сите тие ќе го дадат својот максимум за оваа земја, па се надевам дека никогаш нема да видам повторно такви анкети“, заклучи Нагелсман.
Вечерва Германија игра подготвителен натпревар против Украина, а потоа ќе се соочи со Грција.
Германците го отвораат Европското првенство на 14 јуни против Шкотска во Минхен. Во групата се и Швајцарија и Унгарија.
„Wir spielen eine EM für jeden im Land. Ich hoffe nie wieder etwas von so einer Scheiß-Umfrage zu lesen.“@J__Nagelsmann (@DFB_Team) pic.twitter.com/MRxXykBQ6a
— Nurder Koch (@NurderK) June 2, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
