
Фудбалската репрезентација на Германија и покрај проблемите со повреди успеа да ја совлада Босна и Херцеговина со 1-2 на дуелот во Зеница. Дениз Ундав беше стрелец на двата гола за Германците, додека ветеранот Един Џеко погоди за селекцијата на БиХ.
Во Лигата А играа и Унгарија и Холандија, а на крајот овој дуел заврши 1-1. Салаи во првиот дел донесе водство за Унгарија, а израмни Думфрис во 83.минута, иако Холанѓаните играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Вирџил ван Дајк.
Чешка ја совлада Албанија со 2-0, а Турција оствари минимален триумф против Црна Гора. Стрелец на победничкиот гол беше Ирфан Кахвечи во 69.минута. Украина исто така славеше против Грузија со 1-0, со голот на Михајло Мудрик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski