
Германската фудбалска федерација (ДФБ) нема да го поддржи Џани Инфантино на претседателските избори на ФИФА в четврток, иако нема друг кандидат. Швајцарецот е сигурен во неговиот реизбор на Конгресот на светската фудбалска централа во Кигали (Руанда), но многу европски земји не се согласуваат со одлуките на раководството на светскиот фудбал.
„Во последните неколку недели од ФИФА не добивме или добивме само недоволни информации за различни прашања“, коментираше претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, во изјавата во средата, цитиран од ДПА. „ФИФА мора да стане многу поотворена и потранспарентна во односите со националните асоцијации“, категорично порача раководството на Германската фудбалска федерација.
Федерациите на Норвешка и на Шведска, исто така, рекоа дека нема да го поддржат реизборот на Џани Инфантино, кој е на функцијата од 2016 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
