Connect with us

Германците ја уништија Ерменија, Романците со победа во Скопје, рекорд за Италија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Германија покажа сила и ја декласира Ерменија со 6-0 на домашен терен. Уште во првото полувреме „панцирите“ постигнаа четири гола. Серж Гнабри беше двоен стрелец на стартот, а потоа стрелаа и Марко Ројс и Тимо Вернер. Во вториот дел, убедливиот триумф го заокружија Хофман и Адејеми.

Романија рутински славеше со 2-0 против Лихтенштајн и веројатно сочува дел од силите за гостувањето во Скопје. Алин Тоска и Кристијан Манеа по дваесетина минути ги постигна двата гола и победникот беше јасен.

Белгија со 3-0 ја совлада Чешка. Ромелу Лукаку, Еден Азар и Алексис Салемакерс беа стрелци за „црвените ѓаволи“.

Италија постави нов светски рекорд на непобедливост откако одигра 0-0 на гостувањето против Швајцарија. Тоа беше 36. последовен меч за „аѕурите“ без да загубат. Јан Сомер во 53.минута му одбрани пенал на Жоргињо.

Шпанија со 4-0 ја совлада Грузија, а Полска со 1-7 славеше против Сан Марино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови