Connect with us

Германците без Марко Ројс против Исланд

Фаворитот во нашата квалификациска група, селекцијата на Германија, вечерва гостува на Исланд, а со тимот за Рејкјавик не отпатува капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс.

Тој се пожали на болки во коленото и селекторот Ханси Флик го ослободи од националниот тим. Сепак, според неговите зборови, Марко Ројс би можел да настапи за својот клуб веќе претстојниот викенд.


Добра вест за Ханси Флик е враќањето на напаѓачот Каи Хаверц и левиот бек, Робин Госенс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови