
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, изненадувачки се најде на листата на потенцијални кандидати за менаџерската функција на Манчестер Јунајтед, доколку Ерик Тен Хег добие отказ. Медиумите на Островот во последните неколку дена тврдат дека играчите на „црвените ѓаволи“ очекуваат тренерска смена на „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната.
Според „ЕСПН“, тимот на Сер Џим Ретклиф веќе подготвил скратен список на тренери за пополнување на одговорното место. Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби е едно од имињата кои веќе подолго време се поврзуваат не само со Манчестер Јунајтед, туку и со Ливерпул, Челси и со Барселона.
Кон него „ЕСПН“ ги додава менаџерот на Брентфорд, Томас Френк, и веќе споменатиот Герет Саутгејт, чиј договор со ФА на Англија е до декември оваа година.
Уште едно име е тренерот на Болоња, Тиаго Мота, кој импресионира со работата и резултатите што ги постигнаа „рособлу“ оваа сезона. Во Италија тврдат дека и управата на Јувентус прави планови да го замени Алегри со Мота.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
