
Богатите сопственици на Манчестер Сити сега се газди и на култниот италијански клуб Палермо. Како што информираат медиумите на Апенините, потпишани се документите за зделката вредна 13 милиони евра. Со ова Палермо ќе биде единаесеттиот фудбалски клуб на шеикот Мансур и групацијата „Сити Фудбал Груп“.
Новите сопственици добиваат околу 80% од акциите на Палермо, а останатите 20% остануваат за сегашниот сопственик Дарио Мири, кој и понатаму ќе ја извршува претседателската функција.
Палермо минатата сезона успеа да се врати во Серија Б, откако претходно банкротираше и беше исфрлен во најнизок ранг.
Во овој клуб не така одамна играа двајца Македонци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski