
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е под голем притисок по четирите порази во осум натпревари во Серија А, но како што јавува „Газета дело Спорт“, ниту претседателот Стивен Жанг не е задоволен од изјавите на тренерот во пресрет на натпреварот со Рома.
„Нероаѕурите“ на осум натпревари досега освоија само 12 бода, а ги загубија последните два меча во првенството, од Удинезе пред репрезентативната пауза, а потоа и од Рома вчера на „Меаца“ со 1-2.
Притисокот врз Инзаги се зголемува, иако тренерот на вицешампионот на Италија по поразот од Рома изјави дека неговиот тим го одигра „најдобриот натпревар во сезоната“.
Според „Газета“, претседателот на Интер, Стивен Жанг, не размислува да го отпушти тренерот, но тој е „под лупа“ и сопственикот на клубот очекува пресврт пред паузата од Светското првенство.
Се зборува дека и Жанг е многу незадоволен од изјавите на Инзаги пред натпреварот со римјаните.
„Каде и да одам, трофеите продолжуваат да доаѓаат, додека приходите се зголемуваат и загубите се намалуваат“, изјави Симоне Инзаги.
„Газета“ тврди дека Жанг не разговарал за ова прашање со Инзаги, но дека не му се допаѓаат неговите тврдења, особено затоа што се вклучил во финансиски работи надвор од неговите должности.
Во меѓувреме, #InzaghiOut е во тренд на Твитер во Италија. Инзаги ќе го води Интер против Барселона во Лигата на шампионите, но тоа може да биде и негов последен натпревар.
Следниот викенд Интер ќе му гостува на Сасуоло, а тоа ќе биде уште еден натпревар во кој ќе „мора“ да победи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal