Познатиот турски бизнисмен, сопственик на Фенербахче, Али Коч, планира да купи клуб на Балканот, пишува турскиот портал „Фотомач“. Турците не прецизираат за кој клуб станува збор, што значи дека изборот сѐ уште е во тек, но уверуваат дека проектот ќе го води Јоан Лупеску, поранешен селектор на романската репрезентација и вработен во УЕФА.
Коч наводно планирал да купи клуб од поранешна Југославија, но пандемијата на коронавирус му ги уништила плановите. Турците наведуваат дека Фенербахче не случајно собрал бројни ѕвезди од овие простори – Един Џеко, Душан Тадиќ, Доминик Ливаковиќ и Миха Зајц.
Од Фотомач наведуваат дека Али Коч се консултирал со Един Џеко и Душан Тадиќ околу изборот на клубот, на кои им го претставил идниот проект. Наводно, изборот е стеснет, а може само да се погоди за кои клубови станува збор. Инаку, во 2013 година, богатството на Коч беше проценето на повеќе од една милијарда евра.
Пред неколку години се споменуваше дека Фенербахче е заинтересиран да го купи Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













