Connect with us

„Ѓаволите“ во четвртфиналето на ФА купот, елиминација за Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со чудесен финиш успеа да го елиминира Вест Хем со 3-1 и се пласира во четвртфиналето на ФА купот на Англија. „Ѓаволите“ имаа негатива од 0-1 на почетокот на вториот дел, со голот што за Вест Хем го постигна Бенрама во 54.минута, но потоа израмнија со автоголот на Агерд во 77.минута.

Гарначо во 90.минута се погрижи за пресврт, а Фред во судиското продолжение го потврди триумфот.

Барнли на Дарко Чурлинов исто така оди понатаму откако славеше со 1-0 против Флитвуд.

Елиминација доживеа Тотенхем откако загуби со 1-0 на гости кај Шефилд Јунајтед. Илиман Ндаје го постигна победничкиот гол во 79.минута.

Саутемптон исто така испадна со поразот (1-2) на домашен терен од Гримсби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови