Ливерпул важеше за голем фаворит во пресрет на дербито против Манчестер Јунајтед на „Енфилд Роуд“, но не успеа тоа да го потврди и на теренот. Тимот на Јирген Клоп откако ремизираше без голови, му го препушти првото место на Арсенал и сега заостанува еден бод зад „топчиите“.
Ливерпул беше подобар ривал, постојано напаѓаше, но Манчестер јунајтед изгради вистински бедем пред голот на Андре Онана. Се обидуваа Салах, Дијаз, Нунез, потоа и Гакпо, но мрежата на Онана не се затресе.
На спротивната страна, Хојлунд ја имаше најубавата шанса за Манчестер Јунајтед, но неговиот удар успеа да го одбрани Алисон Бекер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













