
Талентираниот играч на Барселона, Гави, кој се врати по долго отсуство поради повреда, емотивно го коментира фактот дека по 11 месеци повторно се врати на теренот за време на вчерашниот натпревар против Севилја. 20-годишниот играч од средниот ред на Барса одигра околу десет минути на крајот од натпреварот, носејќи ја капитенската лента.
По натпреварот, Гави беше исклучително среќен и им се заблагодари на сите во клубот за поддршката за време на долгиот период на опоравување од тешката повреда на коленото.
„Многу сум среќен што се вратив и што повторно сум со тимот. Месециве сонував за овој момент и сум многу благодарен на сите, бидејќи тие го направија целиот процес многу полесен за мене. Најтешко е да не можеш да играш. Многу е тешко да го гледаш тимот однадвор. Мора да уживаш во секој момент и да ги цениш работите што ги имаш. Се чувствувам како голем среќник што сум тука“, изјави Гави по убедливата победа над Севиља.
Неговиот соиграч и пријател Педри, кој му ја предаде капитенската лента во 83. минута, изјави дека е среќен за својот соиграч.
„Гави го заслужува овој момент. Тој е многу трудољубив и е одлична личност. Гледате колку многу го сакаат навивачите“, истакна Педри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
