Connect with us

Гави потпишува нов договор со Барселона

Барселона по долги преговори успеа да се договори со Гави и талентираниот фудбалер кој веќе е и стандарден шпански репрезентативец ќе остане во клубот и ќе потпише нов договор.


Отштетната клаузула на 17-годишниот играч за врска ќе биде една милијарда евра слични на оние на другите играчи од Барселона и Реал Мадрид. Се очекува Каталонците да ја потврдат веста за новиот договор на Гави денеска на Генералното собрание на делегатите на клубот.


Првично, Гави ја одби понудата на Барселона за годишна плата од 2 милиони евра. Сепак, нема прецизни детали за финансиските точки во договорот.


Според сегашниот договор, талентот би можел да замине за 50 милиони евра, што го привлече интересот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови