Connect with us

Гасперини: Ваквите судии се самоубиство за фудбалот

Аталанта го загуби првиот осминафинален натпревар против Реал Мадрид (0-1). Во Бергамо, тимот на Џанпјеро Гасперини играше речиси цел натпревар со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ремо Фројлер во 17.минута. Тоа го збесна тренерот на Аталанта кој ги критикуваше судиите. 

„Ваквите судии се самоубиство за фудбалот. Дојдовме во ситуација кога не може да се направи ниту еден прекршок во фудбалот. Можете и да ме исфрлите ако сакате, УЕФА да даде реакција, но тврдам дека на ваков начин се уништува фудбалската игра. Мора да биде јасно поделено, што е намерен фаул за црвен картон, а што е прекршок во фудбалот. Ако некој не ги разликува тие две работи, тогаш нека си побара друга професија. Загубивме на првиот меч, но за Аталанта ништо не е загубено. Треба само да победиме во Мадрид и ќе се потрудиме максимално тоа да го сториме“, изјави Гасперини. 

Реваншот меѓу Реал Мадрид и Аталанта ќе се одигра на 16 март во Мадрид.        

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови