
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го коментираше феноменалниот успех на тимот од 3-0 на гостувањето кај Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на Европа. Гасперини им се заблагодари на играчите за посветеноста, но потсети и дека има уште реванш во Италија кој ќе го одлучи конечниот победник.
„Ви благодарам! Тоа беше извонредна и неверојатна победа за историјата на Аталанта. Им благодарам на сите навивачи кои со толкава страст дојдоа во Ливерпул и го поддржаа тимот на трибините. Нѐ прави особено горди што на „Енфилд“ го одигравме четврт-финалето од Лига Европа и резултатот што го постигнавме е нешто што ќе остане во историјата. Не можете секогаш да освојувате трофеи, но кога ќе испишете историја за клуб како нашиот, тоа значи многу. Секако дека сме среќни што победивме со 3-0, но Ливерпул е исклучително добар тим кој може да постигне гол во секој момент. Во реваншот мора да се браниме на истиот начин како што веќе направивме, но и повторно да напаѓаме на истиот начин“, изјави Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта.
Реваншот во Бергамо меѓу Аталанта и Ливерпул е закажан за следната недела, на 18 април

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
