Connect with us

Гасперини: Баер досега беше непобедлив, а ние бевме толку супериорни

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, беше на „седмо небо“ откако неговиот тим го победи Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа. Ова е прв трофеј во кариерата на 66-годишниот стратег.

„Создадовме достигнување за историјата. Не е само тоа што го освоивме турнирот, туку и како го направивме тоа. Попатно го победивме Ливерпул кога беа први во Премиер – лигата, а претходно го победивме и португалскиот шампион Спортинг Лисабон. Одлично! Момците беа неверојатни“, сподели Гасперини.

„Баер досега беше непобедлив, но нашиот успех е целосно заслужен. Мислам дека не оставивме сомнеж за нашата супериорност“, продолжи Гасперини.

„Треба да бидеме горди на постигнатото. Не беше првпат да играме со тројца напаѓачи. Знаевме дека мораме да бидеме опасни во нападот, а не само да се браниме“, изјави тренерот на тимот од Бергамо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови