Connect with us

Гарначо не потпишува нов договор со Јунајтед, а Реал Мадрид чека зад аголот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја разгледува позицијата на Алехандро Гарначо доколку Аргентинецот се реши да тргне по патот на разделба со Манчестер Јунајтед.


Талентираниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед добива простор од Ерик тен Хаг и се преговара за нов договор за него. Но, Гарначо засега одбива да потпише продолжување на соработката, а тоа го запали алармот кај „кралевите“.

Неговиот договор е со важност до летото 2024 година, а доколку не се најде заеднички јазик со Јунајтед, тој би можел да биде продаден во текот на следниот преоден рок за симболична сума.

Гарначо оваа сезона играше седум пати во Премиер – лигата. На своето конто има еден гол и две асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови