Connect with us

Галтие за последен пат го води ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, го напушта клубот и вечерва за последен пат ќе ги предводи „светците“, тврди „Л’Екип“.


Последниот натпревар Галтие ќе го има денеска против Клермон, а на овој меч ќе се збогуваат и Лионел Меси и Серхио Рамос.


Галтие е под договор уште една година, но нема да го исполни до крајот. Под негово водство ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови