Лидерот во турскиот шампионат, тимот на Галатасарај, сака да се засили со светскиот шампион Анхел Ди Марија. Клубот се обидува да го реализира трансферот на 34-годишниот Аргентинец до крајот на јануари.
За таа цел потпретседателот на клубот Ерден Тимур лично преговара со раководството на Јувентус и со фудбалерот. Се верува дека „бјанконерите“ сега ќе бидат подготвени да го продадат крилниот напаѓач за да не замине бесплатно на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот.
Во Галатасарај се уверени дека Ди Марија ќе ја прифати нивната понуда и најдоцна на лето ќе игра за гигантот од Истанбул
Офанзивниот фудбалер во текот на летото се пресели во Јувентус на слободен трансфер од ПСЖ.
Сепак, Аргентинецот сака да си замине по проблемите кои го снајдоа клубот во последните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













