Connect with us

Галатасарај ќе плати 75 милиони евра во пет години, а Осимен ќе остане во гигантот од Истанбул

Галатасарај ја зголеми својата понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, турскиот шампион понудил 75 милиони евра – износ што одговара на откупната клаузула во договорот на нигерискиот голгетер.

Сепак, оваа клаузула нема да биде активирана директно, бидејќи Галатасарај предложил исплатата да се изврши на рати во текот на пет години, што моментално е тема на преговори меѓу двата клуба.

Според Романо, договорот со Осимен е подготвен уште од неделата, а истиот би важел до јуни 2028 година со можност за продолжување.

Претходната понуда на Галатасарај изнесуваше 50 милиони евра плус дополнителни пет милиони во форма на бонуси, но Наполи останува цврст во ставот дека нема да го продаде играчот за помалку од 75 милиони евра.

Осимен, кој веќе ги има договорено личните услови со турскиот клуб, инсистира трансферот да се реализира што е можно побрзо. Тој е подготвен да потпише долгорочен договор со истанбулскиот гигант.

Минатата сезона, нигерискиот напаѓач настапуваше за Галатасарај како позајмен играч и блескаше со 26 голови и пет асистенции на 30 натпревари во турската Суперлига.

Ако трансферот се финализира, Осимен ќе стане најскапото засилување во историјата на Галатасарај. Моментално тој рекорд го држи трансферот на Габриел Сара од Норич, кој минатото лето беше платен 18 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови