
Каи Хаверц пристигна во Челси во 2020 година во трансфер од 80 милиони евра, а летото оваа година беше продаден на Арсенал за 75 милиони. Поранешниот репрезентативец на Франција и член на Арсенал, Вилијам Галас, смета дека клубот згрешил со доведувањето на германскиот напаѓач.
Галас тргна по истиот пат како и Хаверц, играјќи за Челси, а потоа се пресели во Арсенал. Кога се гледа неговиот придонес и учинок, поранешниот капитен на Арсенал смета дека клубот згрешил што потрошил толку многу пари за да го доведе.
„Воопшто не сум импресиониран од него. Тој нема направено ништо откако дојде во Арсенал. Тој постигна гол, но тоа е само затоа што Мартин Одегард му дозволи да изведе пенал. Досега тој воопшто не направи ништо и навистина е во неволја“, изјави Галас.
„Мислам дека Арсенал згреши со тоа што го донесе. Ако трошите такви пари на напаѓач, тогаш очекувате 15 гола во сезона. Мислам дека тоа нема да се случи. Тој и претходно живееше во Лондон, па иако е потребно малку време да се навикне на новиот тим, тоа време помина“, додаде Галас.
Арсенал го врза Хаверц на договор до летото 2028. За 800 одиграни минути на 12 натпревари, тој постигна еден гол и забележа една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
