Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, смета дека големината на ростерот е меѓу позитивните страни на тимот во битката за титулата во англиската Премиер – лига.
„Имаме многу играчи од врвна класа и менаџерот може да избере само 11 од стартерите“, изјави холандскиот репрезентативец.
Остануваат осум кола до крајот на сезоната во Премиер – лигата, а Коди Гакпо вели дека фудбалерите на Ливерпул се обидуваат да останат смирени.
„Очигледно дека сме свесни за ситуацијата, но мораме внимателно да пристапиме на секој натпревар и да останеме смирени. Да, нашите умови се полни со мисли, но мораме да се концентрираме на секој следен натпревар. Во моментов ни оди добро, но мораме да продолжиме да играме добар фудбалер веќе на денешното гостување против Манчестер Јунајтед“, истакнува Гакпо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal