Вардар со два порази, но и со променет стручен штаб, дојде во Охрид на пресметка со „стариот познаник“ од второлигашкото друштво, тимот на Воска. Новиот прволигаш исто така има два порази на стартот на сезоната, па на денешниот меч и двете екипи гледаат како на пресвртница.
Вардар направи промени во стручниот штаб, тимот го презедоа Бобан Бабунски, со помошниците Марјан Герасимовски и Антонио Филевски, а поддршка треба да дојде и од Ѓоко Хаџиевски. Ќе видиме како тоа ќе изгледа веќе на денешниот меч.
„Црвено-црните“ од вчера се во карантин во Охрид, а на тренингот мотивациски говор одржа Филип Гачевски.
„Сите знаеме што ни се случува, но утре ќе победи менталитетот. Утре мора да победиме!”, порача Гачевски пред соиграчите.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (денеска, 17 часот)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВОСКА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – СИЛЕКС
УТРЕ: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













