
Во трансфер вреден 52 милиони евра, бразилскиот напаѓач Габриел Жесус летово се пресели од Манчестер Сити во Арсенал. Во интервју за „ESPN“ откри дека бил принуден да го напушти клубот поради одредени несогласувања со Пеп Гвардиола.
За шпанскиот стручњак Бразилецот изјави дека вршел огромен притисок врз него, и дека не покажал флексибилност.
„Се започна од тоа како Гвардиола го разбира фудбалот и што сака. Мора да прифатите што сака, нема друг начин. Ако не прифатите, тој вели „благодарам“ и ви предлага да барате друг предизвик. Некое време ја прифаќав таа ситуација, но дојде момент кога реков „сакам нешто друго за себе“. Му се заблагодарив и продолжив понатаму. Работите се поинакви во Арсенал, поинаков е фудбалот. Артета се однесува поинаку со играчите и јас го разбирам тоа. Во Манчестер Сити, напаѓачот всушност не ја допира топката. Сега сум слободен, можам повеќе да се движам на теренот и играм фудбал со насмевка на лицето, обидувајќи се да дадам се од себе“, изјави Габриел Жесус во интервју за бразилското издание на „ESPN“.
Се чини дека Габриел Жесус направи добар потег со преселбата во Арсенал, бидејќи на седум натпревари за „топчиите“ постигна четири гола и забележа три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
