Светската фудбалска легенда и едно од најголемите имиња на спортот во светот, Диего Армано Мардаона почина денеска на 60-годишна возраст. Тој на почетокот од месецов имаше успешна операција на мозокот. Се лекуваше од зависност од алкохол.
Еден од најголемите играчи на сите времиња беше капитен на аргентинската фудбалска репрезентација која го освои Светскиот куп во 1968 година. Играше за Барселона и за Наполи во клупската кариера. Освои две титули во Серија А.
Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до светската титула на СП во Мексико 1986 година. Четири години подоцна во Рим загуби во финалето на Светското првенство.
Беше клупска легенда на Наполи, клуб со кој освои два шампионски трофеи во Италија и Купот на УЕФА. По завршувањето на фантастичната фудбалска кариера беше и селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година, а до смртта ја водеше Гимназија Ла Плата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski