Фудбалската репрезентација на Македонија е прогласена за најуспешен национален тим во машка конкуренција за 2021 година, во изборот на Агенцијата за млади и спорт. Фудбалерите во годината што изминува се запишаа во историјата со настапот на Европското првенство, а во квалификациите за пласман на Светското првенство го освоија второто место во групата и се изборија за бараж. Полуфиналната пресметка е закажана за 24 март идната година на гости кај актуелниот европски првак Италија.
Агенцијата за млади и спорт ги додели наградите за најдобрите во македонскиот спорт во 2021 година. Лауреати се теквондистот Дејан Георгиевски и бодибилдерката Мери Акиевска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













