
Фудбалот не може да има ист аршин како и останатите спортови, затоа што вложувањата во Македонија, а и секаде во светот, се многу поголеми. Оваа неправда во популизмот на државата ниту оваа година не е исправена, па „најнаградените“ фудбалски клубови имаат речиси двојно помалку од ракометни и кошаркарски, што е нон сенс насекаде низ светот.
Агенцијата за млади и спорт и оваа година не додели ваучер на Фудбалската федерација на Македонија.
На врвот на листата е Шкендија со ваучер од 10.850.000 денари, или околу 175.000 евра. Потоа следат Шкупи и Струга ТЛ со по околу 160.000 евра, Ренова (140.000 евра), и годинашните второлигаши Вардар и Силекс со по околу 120.000 евра.
Македонија ЃП, Академија Пандев, Работнички се во рангот околу 100.000 евра, а тоа во годишните буџети на клубовите се околу две до три месечни плати. Ништо повеќе.
Ако се знае дека клубовите треба да бараат фирми кои ќе им ги „уновчат“ ваучерите и тие најчесто бараат поврат на средства (околу 30%), тогаш државната помош за фудбалските клубови е речиси симболична.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
