Connect with us

Фудбалерките пред голем предизвик: Како да се сопре моќната Англија?

Женската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува моќната селекција на Англија. Дури и пристоен пораз би бил сензација за нашите фудбалерки, ако се знае дека ривалот има шест убедливи победи на шест натпревари во квалификациската група и гол – разлика, 53-0.

На првиот меч, на гости, Македонија загуби со 8-0, а за каков ривал се работи доволно говори податокот дека на последниот меч ја декласира Летонија со неверојатни 20-0.

Селекцијата на Кирил Изов ќе се обиде да се спротивстави, но колку ќе биде тоа изводливо, останува да покаже натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови