Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ја забележа првата победа во рамките на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.
Во воведното коло од турнирот, избраниците на селекторот Астрит Мерко славеа убедлива и сигурна победа над домаќинот, репрезентацијата на Молдавија со 4:0.
Македонија одигра одличен натпревар и сосема заслужена забележа убедлива победа, надигрувајќи го противникот во целост на денешната средба.
Билјана Панеска во 18. минута ја доведе младата репрезентација на Македонија во предност од 1:0. Катерина Петкова во 35. минута се запиша во листата на стрелци и го зголеми нашето водство.
Во продолжението, нашите млади фудбалерки постигнаа уште два погодоци во мрежата на противникот. Головите беа дело на Ева Андонова во 73 и 81. минута од натпреварот.
Во второто коло од квалификацискиот турнир во Молдавија, женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекцијата на Литванија. Овој натпревар ќе започне во 12. часот.
Во вториот натпревар од првото коло на квалификацискиот турнир, репрезентацијата на Велс оствари победа над Литванија со 2:0.
Квалификациски турнир, Молдавија;
Репрезентации до 19 години (жени);
Македонија – Молдавија 4:0 (2:0)
Стрелци: Билјана Панеска 18′ (1:0); Катерина Петкова 35′ (2:0); Ева Андонова 73′ (3:0);Ева Андонова 81′ (4:0);
МАКЕДОНИЈА: Кристина Павловска, Еда Далипи, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јосифова, Веса Села, Билјана Панеска, Јована Павловска, Сара Мена, Симона Меијер;
Резерви: Сара Стевановска, Ива Јованоска, Теодора Далческа, Натали Талевска, Ивана Милевска, Стефанија Веселинова, Ева Андонова, Сара Дика, Ана Боризоска;
Селектор: Астрит Мерко;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski