Долго траеше патувањето на македонските репрезентативци од Израел до Летонија, но „црвено-жолтите“ слетаа во Рига, каде в понеделник ќе ги одмерат силите со ривалот што веќе го совладаа во Скопје на стартот од овој квалификациски циклус.
Играта од мечот со Израел го врати оптимизмот и позитивната атмосфера нарушени со двата јунски порази, па селекторот Ангеловски и неговите избраници се решени да потврдат дека се поквалитетни од Летонците и да стигнат до нов триумф над овој ривал.
Поради долгиот пат, селекторот и стручниот штаб решија да го откажат утрешниот утрински тренинг, со оглед на фактот дека има доволно време за воигрување и тактичко надмудрување до понеделничкиот натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













