Македонскиот второлигаш Гостивар е во очекување на одлуката на ФФМ околу исходот од мечот со Пехчево и наводно неправилниот настап на фудбалерот Гордијан Христовски. Во текот на денешниот ден треба да заседава Натпреварувачката комисија на ФФМ, а многу веројатно случајот ќе биде упатен и на Дисциплинска комисија.
Фудбалерите и раководството на Гостивар се собраа пред зградата на ФФМ и ја очекуваат одлуката, а има најави дека ќе пристигнат и фанови од Гостивар, па сето тоа би можело да се претвори и во поголем протест.
ФК Вардар како трета заинтересирана страна упати жалба за неправилен настап на фудбалерот на Гостивар, Гордијан Христовски, кој од претходно има настапи за три клуба во една година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













