Изборот на најдобар спортист на Македонија под закрилата на Агенцијата за млади и спорт одамна го загуби интегритетот, а врвот е достигнат синоќа.
Фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство го елиминира актуелниот европски шампион Италија, но, не доби признание за ова достигнување при изборот на АМС.
„Во последните неколку години мислевме дека видовме се од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се “фатиме за глава”. Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: – Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“, се вели во реакцијата од Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













