Италијанскиот фудбалер Армандо Ицо ќе мора да одлежи пет години затвор, откако е обвинет за местење натпревари. Процесот траеше речиси седум години, а се чини дека заврши многу неповолно за него.
Ицо, играч на Торино кој е позајмен во Монца, е осуден на пет години затвор за учество во спортска измама иницирана од Камора, озлогласена италијанска криминална организација.
Наводно, Ицо бил дел од измамата додека го носел дресот на Авелино, на дуелот против Модена во Серија Б одигран во март 2014 година.
Во април 2017 година, Ицо беше суспендиран од фудбалот на 18 месеци, а подоцна таа казна беше намалена на половина година.
Тој синоќа го одигра целиот натпревар за Монца во ремито 1-1 против Рома во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













