Connect with us

Френки де Јонг останува на „Камп Ноу“ до 2029 година

Каталонскиот гигант Барселона денеска го потврди продолжувањето на договорот со холандскиот ас Френки де Јонг, кој ќе остане на „Камп Ноу“ најмалку до 2029 година.

Де Јонг, кој има 28 години, минатата сезона беше еден од најважните фудбалери во освојувањето на двојната круна, а клубот ја награди неговата посветеност со нов, долгорочен договор.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во договорот е вклучена и висока откупна клаузула од 500 милиони евра, што ја нагласува довербата на Барселона во својот играч.

Френки де Јонг пристигна во клубот во 2019 година од Ајакс за сума од 75 милиони евра, а досега одигра 183 натпревари и постигна 14 погодоци во дресот на каталонскиот гигант.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови