Connect with us

Французите ја растурија Холандија (ВИДЕО)

Светскиот вицепрвак Франција имаше убедлив старт на квалификациите за ЕВРО 2024. Селекцијата на Дидие Дешамп ја совлада Холандија со 4-0 и најави дека и понатаму поседува голема моќ, и покрај тоа што Бензема и Лорис се откажаа од националниот тим. Нема недоразбирања на теренот меѓу Мбапе и Гризман, со оглед дека првиот асистираше, а вториот погоди уште во четвртата минута од мечот.

Дајот Упамекано зголеми на 2-0 во осмата минута, а Килијан Мбапе го постигна третиот гол во 21.минута од мечот. Во завршницата Мбапе постигна уште еден погодок за конечни 4-0.

Австрија го победи Азербејџан со 4-1, а Србија имаше лесна задача дома против Литванија дома и победи со 2-0.

Ромелу Лукаку постигна хет-трик за Белгија во триумфот од 0-3 на гостувањето во Шведска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови