
Франсоа Летексие, судијата кој го водеше финалето на Европското првенство оваа година меѓу Шпанија и Англија, е избран за најдобар судија во светот за 2024 година, според анкетата на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
35-годишниот Французин стана водечка фигура во европскиот и светскиот фудбал по тоа што успешно раководеше со некои од најтешките натпревари како на национално, така и на меѓународно ниво. Покрај финалето за европската титула, УЕФА му додели два важни натпревари во Лигата на шампиони, меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, како и Борусија Дортмунд и Барселона.
Летексие го освои првото место со 129 поени во рангирањето на ИФФХС, а зад него следува Словенецот Славко Винчич со 86 поени. Третото место му припадна на Даниеле Орсато од Италија со 74 поени.
Орсато ја заврши кариерата по ЕВРО 2024 и ја освои оваа награда во 2021 година.
На четвртото место е Французинот Клеман Турпан, а потоа следуваат Мајкл Оливер од Англија со 42 поени и Феликс Цвајер од Германија со 41 поен.
Победникот од 2022 и 2023 година, Шимон Марчинијак од Полска, се наоѓа на седмото место со само 31 поен.
Единствените судии надвор од Европа кои се наоѓаат во топ 10 се од Бразил. Рафаел Клаус е на деветотто место со 25 поени, а неговиот колега Вилтон Сампајо е на десеттото место со 13 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
