Connect with us

Франк Лампард седнува на клупата на Норич

Франк Лампард е на чекор од преземање на клупата на англискиот премиерлигаш Норич. Во ист ден, две англиски фудбалски легенди би можеле да се вратат на голема врата во Премиер – лигата. Денеска Стивен Џерард доби доверба да ја предводи Астон Вила.


Медиумите на Островот тврдат дека се договорени сите детали и Франк Лампард набрзо би можел и официјално да го наследи Даниел Фарке, кој доби отказ за викендот.

Лампард е без работа откако доби отказ од Челси, а претходно го водеше Дерби Каунти.

Норич е во лоша позиција, изминатиот викенд ја забележа првата победа во Премиер – лигата, а го чека жестока борба за опстанок.

Се очекува Лампард да го потпише договорот до летото 2023 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови