
Исходот од следните три натпревари на Милан ќе биде клучен за судбината на Пауло Фонсека, тврди „Газета дело Спорт“. Првиот од нив е гостувањето кај Верона вечерва. Потоа, „росонерите“ ја пречекуваат Рома на 29 декември, а на 3 јануари ќе се соочат со Јувентус во полуфиналето на Суперкупот на Италија во Ријад.
„Газета дело Спорт“ смета дека Фонсека нема веднаш да биде отпуштен доколку Милан вечерва не ја победи Верона, но овој период е од огромно значење. Доколку резултатите на трите натпревари не бидат задоволителни, можно е Милан да има нов тренер на почетокот од следната година.
Од друга страна, „Кориере дело Спорт“ има поинаква анализа, наведувајќи дека токму дуелот вечерва може да ја одреди судбината на португалскиот стратег, доколку Милан не успее да оствари победа.
Милан моментно заостанува 14 бодови зад лидерот во Серија А, Аталанта (со еден натпревар помалку), и осум зад Фиорентина, која е на четвртото место на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
