Сопственикот на Милан, Гери Кардинале, го информирал Пауло Фонсека преку СМС-порака дека нема да продолжи да биде тренер на клубот, откриваат италијанските медиуми. Ова се случило на полувремето од мечот против Рома на „Сан Сиро“, а само неколку минути пред тоа, Фонсека добил црвен картон.
Клубот одлучи да направи промена на тренерската позиција, му додели отказ на Фонсека и го назначи Сержо Консеисао за нов тренер.
Според информациите на „Скај Спорт Италија“, раководството на Милан немало храброст да му го соопшти отказот лице в лице, па наместо тоа, Фонсека го добил известувањето преку СМС -порака од Гери Кардинале.
Иако Кардинале ја донел конечната одлука, начинот на кој тоа било соопштено не одговара на угледот на клубот како Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













