Фудбалската репрезентација на Австрија немаше позитивни резултати на двата пријателски натпревари во пресрет на ЕВРО. Загуби од Англија со 1-0, а ремизираше без голови против Словачка. Селекторот Франко Фода најави дека на дуелот со Македонија на ЕП во нападот ќе играат заедно Саша Калајџиќ и Марко Арнаутовиќ.
„Имам уште три дилеми, но составот се наѕира. И ќе дојдат головите. На ЕВРО ќе играат и Калајџиќ и Арнаутовиќ, заедно. На голот ќе биде Даниел Бахман, тука веќе немам дилеми“, изјави Франко Фода по ремито со Словачка.
Потоа селекторот на Австрија се осврна и на мечот против Македонија на 13 јуни.
„Македонците играат во формација 3-5-2, можеби тоа делува дефнзивно, но се многу опасни и агресивни кога ќе освојат простор во нападот. Нема да смееме да си грешки во нашата зона. Првиот натпревар против Македонија секако е најважен, со победа ќе бидеме блиску до осминафиналето“, истакна селекторот на Австрија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













