Connect with us

Флорентино Перез закажал средба со Алехандро Гарначо, сака да го доведе во Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо и неговите претставници, информира извор близок до кралскиот клуб за „Дефенса Централ“. Перез сака да се сретне со аргентинскиот крилен напаѓач, кој е роден во Мадрид, на 17 април, кога тој ќе биде во Манчестер на гостувањето на „кралевите“ кај градскиот ривал Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите.


Перез сака да го доведе Гарначо на „Сантијаго Бернабеу“ и се надева дека ќе го убеди играчот да ја прифати неговата понуда.

Можеби идејата на состанокот е да се постават темелите за можна идна комуникација што би можела да доведе до договор за трансфер.

На тој начин Флорентино Перез успеа да обезбеди привлекување во Реал Мадрид на цела низа извонредни млади таленти на светскиот фудбал во последните години, како Едуардо Камавинга, Аурелиен Чуамени, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, а во наредното лето треба да му се придружи и бразилската сензација Ендрик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови