Килијан Мбапе е на прагот на „Сантијаго Бернабеу“, а се чини дека Реал Мадрид ќе треба да направи место за него во нападот. Двајцата најважни играчи во офанзивниот дел на тимот во моментов се Винисиус Жуниор и Родриго. Не е тајна дека и двајцата Бразилци им се допаѓаат на најбогатите европски клубови, а се чини дека најмногу „загриза“ Манчестер Јунајтед.
Според информациите кои ги пренесува „Defensa Central“, англискиот клуб веќе понудил огромна сума за Винисиус, но Перез веднаш ги одбил.
Првиот човек на „кралскиот клуб“ сосема јасно побара 200 милиони евра, доколку англискиот гигант, кој со години го бара својот изгубен идентитет, воопшто сака да седне на преговарачка маса.
Сепак, Манчестер Јунајтед продолжува да ги притиска „кралевите“ и нивна нова цел е Родриго. Англичаните се подготвени да понудат околу 150 милиони евра за Бразилецот, што е понуда која Перез наводно ќе ја прифати.
Според некои извори, Родриго е омилен играч на Перез во соблекувалната, дури и побарал од Карло Анчелоти тој почесто да игра, но сега најверојатно ќе биде продаден.
Освен доаѓањето на Мбапе, причината поради која Родриго е избран за „жртвено јагне“ е и тоа што во нападот на Реал Мадрид следната сезона ќе игра и суперталентираниот Ендрик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal