Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се почесто во јавноста зборува за Суперлигата, го „обвини“ Серхио Рамос дека премногу одолговлекувал во преговорите, а се осврна и на Зинедин Зидан.
Првиот човек на „кралскиот клуб“ сè уште има афирмативен став кон Суперлигата, по бројните полемики и скандали. Тој во едно интервју откри дека не биле само Барселона, Јувентус и Реал кои останале со ова натпреварување.
“Ние сè уште работиме на Суперлигата. Зошто УЕФА би тргнала против нас? Судот рече дека е невозможно да не исфрлат од Лигата на шампионите, тогаш тоа ќе биде монопол. Ова е отворено натпреварување, а не затворено. Не разговарав со Чеферин. Да бидеме реални, загубивме милиони, а тој продолжува да ја зголемува својата плата. Во кој свет живееме? И не е точно дека има само уште три екипи, тоа е лага. Сите првични 12 клуба потпишаа договор. Суперлигата продолжува, никој не може да излезе“, рече Перез.
Запрашан за трансферот на летото и доаѓањето на Мбапе во Реал, тој имаше дипломатски одговор.
„Ако имаме пари за голем трансфер, ќе видиме, ние сме многу оштетени поради пандемијата. Мбапе е одличен играч, но не сакам да зборувам за играчи кои не се наши, тоа е непочитување”.
Неизбежна тема беа две големи заминувања на крајот од оваа сезона – Зинедин Зидан и Серхио Рамос, кои ги обвини дека не ја кажале целата вистина во медиумите.
„Го сакам Рамос како син. Го донесов во 2005 година, пред тоа никогаш не сум бил на прес-конференција со играч. Јас навистина имам само восхит за него. Тој стана и ќе остане легенда. Му понудивме договор, тој имаше рок да одговори и тој не го прифати тоа. Му реков дека понудата има рок на траење, тој не сакаше да го признае тоа“.
Потоа се сврте и кон Зидан.
„Го познавам добро, знам дека ова беше тешка година. Се борев да остане. Се колнам на внуците дека не го прочитав неговото проштално писмо. Тој не го напиша тоа. Му посакувам се најдобро. Тој секогаш може да се врати во Реал“, истакна Флорентино Перез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal