Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во офанзива за летна реконструкција на тимот. Претседателот Флорентино Перез ова лето конечно треба да го комплетира доаѓањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, но гледа и кон Германија, поточно кон Баерн Минхен.
Шпанските медиуми пишуваат дека Перез сака да го ангажира Џошуа Кимих, кој не е задоволен од моментниот статус и од атмосферата во Баерн Минхен.
За потписот на Кимих се заинтересирани уште неколку тимови, меѓу кои и Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.
Баерн Минхен наводно е подготвен да го продаде Кимих, но само доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













